Обединетите Нации во својот најнов извештај за начините на ублажување на климатските промени предупредија дека светот мора итно да се откаже од зависноста од фосилните горива, со чие согорување се ослободуваат големи количества јаглен двооксид, и дека треба да се премине на обновливи извори на енергија.
Во извештајот, објавен вчера во Берлин, по седумдневни опреговори на научници и официјалните претставници на светските држави, се наведува дека природниот гас е клучен производ- енергенс кој треба да послужи за премин од фосилни горива, како нафтата и јагленот, на еколошки чисти извори на енергија.
Учесниците во преговорите, меѓутоа, не можеа да се согласат кој треба да ги сноси трошоците за таа енергетска транзиција.
Извештајот го направи Меѓународниот панел за климатски промени на ОН со цел на јавноста да и се даде јасен научен поглед врз климатските промени и нивните последици.