Луѓето годишно продуцираат две милијарди тони отпад, покажува студијата Verisk Maplecroft, специјализирана компанија за проценка на глобалните ризици. Од вкупниот комунален цврст отпад кој попрецизно изнесува 2,1 милијарди тони – само 16% се рециклира, а 46% се одлага на неодржлив начин. Највеќе отпад по глава на жител генерираат жителите на САД – дури три пати повеќе од останатите. Американците најчесто фрлаат пластика и храна. Имено, жителите на САД годишно во просек фрлаат по 773 килограми отпад, што е за три пати повеќе од жителите на Кина и Етиопија.
Во текот на разработката на оваа тема, истражувачите користеле официјални податоци и академски студии.