Фотонапонските панели се одговорни за пет пати повисок јаглероден отпечаток отколку што се мислело досега. Италијанскиот истражувач Енрико Мариути ги иснесол овие тврдења откако пронашол база на податоци кои светските институции ги користат за пресметување на проекции за глобалниот јаглероден отпечаток, прито исоставајќи ги емисисите од Кина, која произведува 80% од фотонапонските панели во светот. Така, без податоците од Кина, Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) тврди дека емисиите од оваа индустрија изнесуваат 48 gCO2/kWh.
Но, новата анализа сугерира на вредности од 170 до 250 gCO2/kWh – што е 62,5% повеќе емисии на јаглерод диоксид од производството на електрична енергија со природен гас. Овој извештај го подготвил споменатиот истражувач Мариути, кој пред две години утврдил отстапување во податоците на Ecoinvent. „Доколку ги користам стандардните променливи за LCA (анализа на животниот циклус) на фотонапонските панели, доаѓам до проценка на интензитетот на јаглеродот сличен на оној од други студии: околу 100 gCO2/kWh. но, тие студии не одржат неколку клучни променливи: емисии на метан, надградба на мрежата, складиштење и транспорт. Кога ќе се вклучат и овие променливи, проценката значително се зголемува“, објаснил Мариути.