Со објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се повлекува од Париската спогодба за климата, земјата ќе се најде во друштво на Сирија и Никарагва, единствените земји кои не учествуваат во спогодбата. Овој потег на Трамп предизвика бурни реакции од водечки политиичари на глобално ниво, но и во САД. Претседателот на Европската комисија, Јункер меѓу другото оцени дека Европа мора јасно да и укаже на САД дека напшутањето на спогодбата е процес кој ќе трае со години, односно тоа не би можело да се случи пред ноември 2020, што се совпаѓа со наредните избори.
Поранешниот преседател Обама, изјави дека се надева оти сојузните држави и бизнис заедници ќе истапат со својот став против овој потег, бидејќи државите кои ја поддржуваат спогодбата имаат на располагање многу можности за креирање нови технологии и отворање нови работни места. Премиерот на Кина, без да ги посочи САД вели дека “спогодбата за климата е глобална обврска и меѓународна одговорност“. Бројни компании во САД се спротивставија на Трамп меѓу кои Tesla, Intel, Hewlett-Packard… Илон Маск се повлече од советничката позиција која Трамп му ја довери во својот кабинет.