Уметниците, младите професионалци и едноставно луѓето кои сакаат едноставен, но квалитетен живот, се секогаш можните кандидати за сопственици на оние ткн. студио-апартмани со врвни ентериерски дизајни.
Ваквите станови се мали по површина и немаат речиси никакви прегради помеѓу дневните и спалните соби. Но, во никој случај овие станови не се полоши од останатите од аспект на нивната удобност, убавина и квалитет на живот кој му го пружаат на сопственикот.
Овој стан се наоѓа во Стокхолм и користи повеќе бели и природни материјали, кои се сосема вообичаени во шведскиот дизајн. Внатрешниот преграден стаклен ѕид создава поделеност на просторот помеѓу спалната и дневната соба, но сепак не делува многу на чувството на пространост на просторот.