Дали постои боја која е повеќе природно поврзана со среќата од жолтата? Жолтата боја е позната како најдобра за вдахнување на сила, свежина и живост во еден ентериер.
Овој стан со одлични жолти детали се наоѓа во Минск и е дело на дизајнерката Олја Беркова, која го има наменето за еден млад брачен пар. Ентериерот се служи со употреба на неутрални сиви тонови кои природно се вклопуваат и надополнуваат, но тука е и жолтата боја која се истакнува и е највпечатлива.
Жолтите елементи можат да се сретнат насекаде во ентериерот, па така и во спалната соба, влезната партија, дневната соба, кујната и трпезаријата.