Шкотскиот продукт дизајнер Neil Poulton (1963), кој веќе подолго време живее и работи во Париз, креира и развива предмети наменети за комерцијално производство, за коешто повеќе пати бил наградуван. Најголемите признанија ги добивал за своте дела од областа на осветлување, светлосни уреди и висока технологија, а тесно соработува со познатите брендови како што се LaCie, Artemide и Atelier Sedap. Исто така, во 2008 година бил ставен во изборот нз “The design 100” на списанието ‘Time’.
Poulton е добитник на бројни значајни меѓународни награди од областа на дизајнот, меѓу кои се и седум Etoiles de l’Observeur du Design, десет Red Dot Design Award од кои две Best of the Best Dot Design Award, три награди na Janus de l’Industrie, две препораки за италијанската награда Compasso d’Oro и четири награди IF International Forum. Производите на Poulton изложувани се во многу светски музеи, меѓу кои се Victoria and Albert Museum во Лондон, Centre national d’art et culture Georges-Pompidou во Париз и Axis Gallery во Токио.