Насловна / Арт и дизајн / Светлосна инсталација „Поларна Светлина“ во Париз

Светлосна инсталација „Поларна Светлина“ во Париз

northern-light-aleksandra-stratimirovic-1-720x400
„Поларна светлина“ е светлосна инсталација на уметницата Александра Стратимировиќ поставена во паркот на Кралската палата, по повод официјалната посета на шведскиот кралски пар во Париз. Инсталацијата свечено ја отвори Кралицата на Шведска на 2 декември.

northern-light-aleksandra-stratimirovic-2-630x420

Инсталацијата под оригинално име “Northern lights” за Jardin de Lumiere настанува како иницијатива на IKEA France и амбасадата на Шведска во Париз, во соработка со Le centre  des Monuments Nationaux.

northern-light-aleksandra-stratimirovic-3-630x420

Александра Стратимировиќ е родена во Белград каде дипломира на Факултетот за применети уметности и дизајн. Од деведесеттите години го продолжува образованието во Стокхолм каде моментално живее и работи. Одлика на нејзината уметност е работа со светлина, креирајќи голем број скулптури и инсталации во јавниот простор.

northern-light-aleksandra-stratimirovic-4-630x420

Нејзина инспирација е одржливата иднина на компанијата IKEA, па затоа се обидува и физички да го претстави тој концепт, употребувајќи ги нивните производи кои се базираат на најсовремена LED технологија, приспособени за широка употреба.

„Ова дело ги поврзува шведската природа и препознатливиот амбиент на историскиот Париз, како симбол на убавината на културната интеракција и пријателствата“, ќе каже Александра.

Испрати коментар

Scroll To Top