Насловна / Арт и дизајн / Светлосен систем со LED технологија и 3D принтање

Светлосен систем со LED технологија и 3D принтање

alex1
Овој дизајн на Alex Buckman ја отфрла ригидноста на традиционалните системи за осветлување. Развиен за неговата магистерска теза по индустриски дизајн на Универзитетот Викторија во Нов Зеланд, проектот ги истражува поимите како LED технологии и 3D печатење, кои овозможуваат создавање адаптибилна и преносива мрежа во корист на благосостојбата на корисникот како и создавање интерактивен простор. Секое тело се состои од тенка дршка, структура која може да биде поврзана на било кој алуминиумски базис во зависност од потребите и локацијата на корисникот. Ова е возможно со употреба на лесни и ниско-напонски електроники.

alex2 alex3
Светилките се сместени во 3D испринтани дифузери кои се органски форми направени од фрaктилни шари-геометрии пронајдени во природата, како што се кристалите, пресек низ белите дробови, реки, лисја, гранки и снегулки.

alex4 alex5
Овие украси кои докажано имаат влијание врз психолошкото расположение на луѓето, се вкоренети во генетиката низ еволуцијата на човечката раса. На тој начин, овој светлосен систем носи бенефиции за корисникот и во однос на функционалноста и во однос на општото добро да ја испровоцираат идејата за тоа како ќе изгледаат дизајнерските објекти во иднината.

alex6 alex7

Испрати коментар

Scroll To Top