Насловна / Архитектура / „Светлината на Кина“, најголемиот павилјон на Експо Дубаи 2020

„Светлината на Кина“, најголемиот павилјон на Експо Дубаи 2020

Еден од најголемите павилјони на Експо Дубаи 2020 секако дека е Кинескиот павилјон кој се простира на површина од 4.636 квадратни метри. Именуван како „Светлината на Кина“, и неговиот архитектонски дизајн има длабоко значење. Традиционални кинески архитектонски елементи како загради и цветни панели се интегрирани во изградбата на главната зграда, која изгледа како величествен кинески фенер.

6_resize

Павилјонот ги прикажува најновите достигнувања на Кина во областа на информатичката технологија, современ транспорт, вештачка интелигенција, паметно живеење и истражување на вселената.

4_resize

2_resize

Меѓу најзначајните карактеристики на Кинескиот павилјон се експонатите за BeiDou сателитскиот систем за навигација, брзата железницата, нов концепт на автомобил со автоматски пилот, роботите и светлосното шоу навечер.

15_resize

Кинескиот павилјон ги прикажува извонредните достигнувања на земјата, како и големата кинеска култура, помагајќи му на светот подобро да ја запознае оваа земја.

3_resize

На Експо 2020, 26 региони на покраинско ниво и повеќе од 40 водечки кинески компании ќе одржат изложби, форуми и други активности преку онлајн и офлајн канали. Бројот на кинески компании кои учествуваат на Експо 2020 Дубаи го надминува бројот на сите други претходни светски изложби што се одржани надвор од Кина.

13_resize

image-1

Zhang Shenfeng, потпретседател на CCPIT е генерален комесар на кинескиот павилјон на Експо 2020 Дубаи. Како управувачка организација за учеството на Кина, CCPIT го презеде водството заедно со повеќе кинески ресорни министерства и технолошки институти. Организациониот комитет исто така има специјализиран совет, во кој  He Jingtang, главен архитект на Кинескиот павилјон на Експо 2010 Шангај, член на Кинеската академија за инженерство, беше назначен за консултант за проектот, а Sha Xiaolan, потпретседател на Кинескиот институт за сцена и дизајн, главен дизајнер за осветлување на церемонијата на отворање и затворање на 29 -те Олимписки игри, беше назначен за генерален консултант за уметност.

14_resize

За време на настанот, Panda Robot и Walker X во сопственост на UBTECH, големите хуманоидни роботи за услуги, го имаа својот официјален настап во Кинескиот павилјон. Присуството на овие роботи ги покажуваат најновите достигнувања на кинеските технолошки иновации на светската сцена, како и значајниот напредок на земјата во областа на вештачката интелигенција. UBTECH Panda Robot и Walker X пружаат интелигентни услуги на лице место во неколку сценарија.

Симпатичниот црно-белиот робот наречен „Youyou“ може да повлече некои „таи-чи“потези, да ракува со калиграфско пенкало и да послужи како водич на посетителите на павилјонот.

image-3

image-4

16_resize

5_resize

1_resize

7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top