Уметникот Stephen Knapp има необична страст за светлечки инсталации, а во неговото последно дело произведе инсталации во функција на слика. За овие необични дела, според него, потребен е минимален алат, а тое е искористување на проекции на светлината.
Она што е најинтересно е дека инсталациите не се резултат од некои претходно направени скици, но се дела на авторската интуиција интерпретирана во форма на сложени светлечки кореографии.
„Целата магија на овој проект е дека делата се со непредвидлива природа. Она што јас се обидувам да го направам е да го предизвикам традиционалниот начин на перцепција“, објасни овој визуелен уметник, чиишто дела во моментов може да се видат на различни меѓународни изложби.