Насловна / Арт и дизајн / Светилки и саксии инспирирани од згради од времето на СССР

Светилки и саксии инспирирани од згради од времето на СССР

Архитектурата од социјалистичката ера е отелотворена во форма на функционални производи, за чија изработка се користени бетон, иверица и LED светилки.

1_resize

Иако советската архитектура кај некого предизвикува згрозување, а други и се восхитуваат, едно е сигурно – овие форми и идеи се секако многу впечатливи.

4_resize

Другари и другарки, ви претставуваме нешто сосема различно – светилки и саксии од бетон и иверица инспирирани од градбите од времето на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР).

7_resize

Како инспирација за своите најнови дизајнерски предмети за домаќинството, уметникот од Санкт Петербург, Никита Анохин, избрал индустриска, модернистичка архитектура, која можеше да се види во поголемиот дел од Русија за време на советската ера.

Светлина која доаѓа од становите

Така, на пример, ноќната светилка Брежњевка инспирирана е од истоимениот станбен комплекс, именуван по поранешниот советски лидер, за чие производство Никита користел бетон и иверица.

3_resize

12_resize

Во форма на повеќекатен објект, карактеристичен по неправилна шема на организација на балкони и високи правоаголни прозорци во низа, светилката дава светлина токму низ овие отвори.

Секој од отворите содржи ситни LED светилки во боја кои осветлуваат поединечни станови, а во кои се гледаат минијатурни детали како завеси, парчиња мебел и човечки фигури.

13_resize

6_resize

Од друга страна, саксиите се целосно изработени од бетон, а се инспирирани од градбите познати како Хрушчовки и објектите со кружна основа во московскта улицата Нижинскаја.

Цената на една светилка е околу 120 евра, но побарувачката е голема, па треба да се чека на испорака.

14_resize

2_resize

11_resize 10_resize 5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top