Дизајнерот Constantin Bolimond креирал светилка која се отвора како цвет и го осветлува просторот ако оптичкиот сензор „почувствува“ недостаток на светлина.
„Идејата се појавила благодарение на природата, односно на цветот што ги отвора своите ливчиња кога ќе ги почувствува сончевите зраци“, го објаснува дизајнерот својот концепт.
Во прашање се шест „ливчиња“ кои со отворање ја регулираат силината на светлината, а нивниот дизајн е достапен во различни бои и материјали, во зависност од желбите на клиентот (во дрво, пластика и рециклирана хартија во природни бои, и во материјали кои се во согласност со ентериерот во кој се поставуваат).