Секојдневните елементи што ги користиме за уредување на домот вообичаено изгледаат слично и имаат слични функции. Не, мора ли нужно да биде така? Ако го прашате австралискиот дизајнер Nick Rennie, кратко и јасно ќе ви каже – не.
Практично со таа мисла дизајнерот се водел при дизајнирање на современата светилка Sway floor lamp, која носи сосема нов начин на комуникација со околината, исто како што ја става под знак на прашање традиционалната слика на светилката како статичен предмет, како што мнозинството ја има во глава. Неговата визија за светилка ја исполнува основната цел на овој елемент како извор на светлината, но истовремено донесува и нота на разиграност и забава.
Имено, оваа светилка се ниша од десна на лева страна на површината на која што се става, без никаков ризик за околината. За тоа е одговорна цврстата челична база која ја поддржува, а како резултат се добива минималистичка и стилска светилка која можете да ја поставите било каде – и изгледа ефектно!