Насловна / Арт и дизајн / Светилка инспирирана од јапонската калиграфија

Светилка инспирирана од јапонската калиграфија

Enso е столна ламба дизајнирана од Enzo Catellani, а произведена од Catellani&Smith.

Во древната уметност на јапонската калиграфија, Enso е алегорија на потполност и просветлување: несовршено совршен круг кој извира од нежно, спонтано движење на раката. Enso е живот, роден да еволуира додека не заврши. И токму како и животот, Enso никогаш не е ист како другите.

2 (1)

За време престојот во Јапонија, Enzo Catellani ја открил убавината на овие бавни, прецизни движења и сè уште работи на откривање на нивната суштина. И овој деликатен потег добива тридимензионален карактер, станувајќи „објект“ на новата креација на Enso.

5 (1)

Синиот круг, насликан со рака, го репродуцира плодот на тоа непосредно движење, како да е нацртан во просторот. Потеклото на Enso е проткаено со мастило, кое исчезнува кога ќе стигне до крајот на своето патување. Бојата, која се намалува попатот, не доаѓа до затворање на кругот, намерно прекинувајќи го почетокот и крајот на циклусот за да укаже дека сè уште има простор за раст и еволуција.

3 (1)

Кружната скулптура се потпира на месингана основа, додека LED изворот на светлина – за кој е користен иновативен патентиран безжичен систем за поврзување и дистрибуција – е скриен зад структурата на светилката, создавајќи мек светлосен ефект на ѕидот.

6

Рачно насликана светилка, елегантна и суштинска, полна е со значење и симболика. Catellani поставува единаесет LED диоди во задниот дел, додека предниот дел е оставен само за восхит, украсен со месинг детали.

Enso е несомнено светилка со силно драматично присуство која ќе ја збогати секоја средина во која е поставена.

1 (1) 4 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top