Дизајнерската фирма Scott & Scott претвори магацински простор во продавница за сладолед во која доминира комбинација на бела тула и челик.
Овој поранешен магацин во индустриската зона на Ванкувер, кој во меѓувреме стана омилена зона на хипстерите, изграден во 1912 години, стана домаќин на необична продавница на сладолед под брендот Mister. Токму затекнатата состојба на постоечкиот објект им помогнала на дизајнерите на ентериерот да креираат простор во сведена, но не и студена, слаткарница во која акцентот е ставен на производството на сладолед.
Белата тула и металните конструкции од складот одлично послужиле за обликување на ентериерскиот простор. Ваквиот дизајн е, секако, неконвенционален кога станува збор за објекти со слична намена, пишува Dezeen.
Дрвото во махагони боја, исто така, е зачувано од стариот простор.
Откако ги проучија различните методи за правење сладолед во Азија, сопствениците Michael Lai и Tommy Choi, примениле нов метод за подготовка на сладолед, кој се прави пред муштериите и во момент се замрзнува со користење на течен азот.
Овој метод на подготовка на сладолед претставува во одреден поглед и динамична декорација на самиот простор.
Челикот, од кој е изведен значителниот дел од ентериерот, е посебно третиран за да се избегне корозија, а неговата примена треба да алудира на студенило.
Сите ѕидови се соголени до тула, која е обоена со тенок слој на бела боја, додека поинтензивна бела боја е во просторот на вработените, па на тој начин визуелно е одделен делот за клиентите и за вработените.