Насловна / Вести / Свечено отворен модернизираниот аеродром во Дубровник

Свечено отворен модернизираниот аеродром во Дубровник

Otvaranje1

Во петокот вечерта во Конвале, со пригодна свеченост е отворена новата зграда на патничкиот терминал на аеродромот во Дубровник. Се работи за инвестиција вредна околу 64 милиони евра, која е само дел од целиот проект за реконструкција на овој аеродром насловен Дубровник 2020.

otvaranje

Средствата за комплетното завршување на проектот се проценети на 220 милиони евра и се главно обезбедени од Фондовите на Европската Унија во вид на неповратна помош во висина од 145 милиони евра за кои е потпишан договор уште во 2015 година.

Enterier2

Останатите 75 милиони евра се средства обезбедени од самата компанија “Zračna luka Dubrovnik”, и тоа од сопствени извори а во рамките на инвестицискиот план на Европската комисија, попознат како „Јункеров план“. Проектот ќе биде комплетно завршен во 2019 година.

Sveèano otvaren novi Terminal C Zraène luke Dubrovnik Enterier

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top