Насловна / Архитектура / Свечено доделена наградата „Андреја Дамјанов“ на архитект Зорица Блажевска

Свечено доделена наградата „Андреја Дамјанов“ на архитект Зорица Блажевска

Архитектот, професор Зорица Блажевска е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2022 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

IMG_20230131_212103

Вчера, во присуство на голем број колеги, пријатели и почитувачи на архитектурата на свеченоста која се одржа во галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мишко Ралев ја врачи наградата „Андреја Дамјанов“ на лауреатот, архитект Зорица Блажевска.

IMG_20230131_212341

Блажевска е родена во Скопје 1948 година, дипломирала на Архитектонско – градежниот факултет, отсек архитектура 1973 година. Специјализирала и магистрирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Под менторство на проф. м-р Георги Константиновски, 19991 година одбранила докторска дисертација „Повеќедворната куќа во функција на хумано домување на старите лица во рамки на семејството“.

IMG_20230131_214634

Во почетокот е асистент на професорот Георги Константиновски на  Архитектонскиот факултет, негов соработник и рамноправен партнер во низа клучни дела. Во подоцнежното творештво Блажевска се формира во творец со особен авторски пристап. „Мојата архитектура е без спектакли, таа е едноставна со самото тоа и одржлива“, ќе рече Блажевска на доделувањето на наградата.

IMG_20230131_220022

Професорката Зорица Блажевска на Архитектонскиот факултет во Скопје ја продолжи линијата на нејзините претходници, професорите Јован Ранковиќ и Георги Константиновски, но даде и еден личен поглед на проектот на Домувањето. Како професорка на Проектирање на станбени згради, како и на низа предмети поврзани со областа на домувањето, ја постави и разви темата на живеење во третото доба, како дел од педагошкиот проект и како одреден општествен ангажман.

IMG_20230131_220120

На свеченоста на доделувањето на наградата професор Минас Бакалчев за творештвото на Блажевска ќе каже: „ Зорица Блажевска работи во пресекот на праксата и теоријата, во сѐ потенката маргина на интелектуалноста на архитектонскиот проект, кој е се потесен, но и сѐ посуштествен за генерирање на идеите на архитектурата. Со нејзиното дело таа подари низа иновативни и осмислени типолошки поместувања на архитектонските задачи – во Домот за нега “Сју Рајдер“ даде начини за хумано згуснување на просторот, додека во проектот за Домот за стари во Штип, нов периметарски концепт на еден урбан блок. Она што дополнително ја издвојува Зорица Блажевска е нејзината педагошка работа. Денес се повеќе ја доживуваме архитектурата како еден материјален свет, материјален акт, од камен, тула, малтер, бетон, челик, стакло и финансии кои тоа го овозможуваат, но постои и еден подлабок план, план на идејата и уште подлабок, личноста која ја носи и отелотворува. Токму во тие длабоки корени се препознава личноста на професорот Зорица Блажевска. Нејзината дејност, покрај материјален отпечаток, е и несебично споделување на знаењето и учењето на архитектурата.“

IMG_20230131_212615

ИЗБОР НА ПРОЕКТИ

  • Спомен дом на Разловечкото востание, с. Разловци (1979)

Автор: Г. Константиновски, Соработник: З. Блажевска

  • Собрание на Град Скопје (1978)

Автори: Г. Константиновски, А. Прилепчански, З. Блажевска, Т. Стојков

  • Административен објект –Банка, Нови Сад, конкурсен труд (1974)

Автори: Г. Константиновски, З. Блажевска, Т. Стојков, С. Наумовски

  • Соборна црква „Св. Богородица“, Струмица (1993)

Автори: Г. Константиновски, З. Блажевска, Т. Стојков, Т. Стојков

  • Дом за нега „Сју Рајдер“,Скопје (1996/97)

Автори: Г. Константиновски, З. Блажевска, Т. Стојков

  • Повеќесемејна станбена зграда со страничен коридор, конкурсен труд (2000)

Автори: З. Блажевска, С. Тасиќ

  • Еко куќа, с. Бардовци (2008)

Автори: З. Блажевска, А. Савева

  • Типски куќи (2015)

Автори: З. Блажевска, Б. Мехмети БМА

  • Основно училиште „Димо Хаџи Димов“, конкурсен труд (2008)

Автори: З. Блажевска, Н. Стрезовски, Б. Мехмети

  • Летна школа за архитектура (1996) „Нехендикепирана куќа“. Манастир „Св. Јоаким Осоговски“, Крива Паланка, Раководител: З. Блажевска

IMG_20230131_214553

IMG_20230131_215600

IMG_20230131_215354

IMG_20230131_214948

IMG_20230131_215904

IMG_20230131_214502

IMG_20230131_220646

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top