Насловна / Вести / SUV автомобилите, голем извор на загадување на воздухот

SUV автомобилите, голем извор на загадување на воздухот

Моделите автомобили од категоријата  SUV (Sport and Utility Vehicle), кои се популарна комбинација на елементи од теренски и патнички возила, биле втор најголем извор на емисии на јаглерод диоксид во светот, во периодот од 2010 до 2018 година, предупредува директорот на Меѓународната Агенција за енергетика (IEA), Фатих Бирол. “Производителите на автомобили многу вложуваат во електричните автомобили, но на пазарот излегуваат постојано со нови модели на SUV“, изјавил Бирол во Париз, на меѓународната конференција за „електрификација на енергијата“. „Електричните автомобили сериозно напредуваат. Во светот ги има околу 6 милиони. Но, дали е тоа симбол за декарбонизација? Апсолутно не“, рекол Бирол, истакнувајќи дека „половина од електричните автомобили се само во една азиска земја – Кина“, која над 60% од електричната енергија произведува од јаглен.

И покрај овие факти во прилог на експанзијата на електричните возила, „вистинската ѕвезда“ на автомобилската индустрија е SUV, со 18% учество во продажбата на глобалниот пазар во 2010 година, и дури 40% во 2018 година. Резултатот од овој тренд е поразителен за животната средина. Имено, во последните 10 години, оваа категорија возила е втор најголем извор на емисии на јаглерод диоксид, зад енергетиката, но пред индутријата на челик, цементната индустрија, тешките камиони и авијацијата. Денес низ светот сообраќаат над 200 милиони SUV или, додека во 2010 година нивниот број бил 35 милиони.

Овие возила се потешки и помаку аеродинамични, па затоа трошат и до 25% повеќе гориво во однос на автомобил од средна класа.

SUV2

SUV3

Испрати коментар

Scroll To Top