Жителите на Улцињ, но и граѓаните на Црна Гора имаат сериозна причина за грижа, бидејќи устието на реката Бојана е затворено во еден значителен дел. До тоа најверојатно дошло поради послабиот доток на вода од Дрим, сушата, но и повеќекгодишната негрижа на надлежните државни органи.
Делатата на реката Бојана е најважното природно мочуриште на источниот Медитеран кое се одликува со разновиден и ендемичен карактер на загрозени видови. Бројните апели на рибарите и еколозите за решавање на проблемите и итно вклучување на општинските и државни структури, веќе со години не даваат никаков резултат. Не помогнаа ниту предупредувањата на белградскиот професор Саво Петковиќ, дека затворањето на устието би можело да го загрози уставниот статус на Црна Гора и нејзината меѓународна репутација на туристичка и еколошка држава.
Како резултат на систематската негрижа денес Ада Бојана е полуостров. Оваа природна катастрофа настанала поради затворањето на десниот дел од устието, состојба на која улцињските рибари предупредувале долго време. Оваа промена се случува првпат по 1882 година кога настанало речното островче Ада.