Насловна / Вести / Суперсоничниот авион Overture се поблиску до реалноста

Суперсоничниот авион Overture се поблиску до реалноста

Компанијата Boom Supersonic значително напредува во развојот на суперсоничниот авион Overture, кој воедно се нарекува и „најбрз патнички авион на светот“. Overture е всушност брз одржлив патнички авион проектиран да лета двојно побрзо од актуелните авиони, а покрај тоа користи и одржливо авионско гориво  (SAF). За прв пат, компанијата ја открива полната конфигурација на системите на Overture, додека програмата се приближува до фазата на производство.

boom1

boom2

Досега веќе се нарачани 130 примероци од ово авион, а меѓу клиентите се авиокомпании како United, American и Japan Airlines. Покрај тоа, Boom ја продолжува соработката со компанијата Northrop Grumman на воената варијанта на Overture.  Авионот ќе развива брзина од 1,7 маха, а во луксузно опремениот ентериер ќе може да смести 65 до 80 патници.

Farnborough International Airshow Day Two

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top