Идната година НАСА ќе започне со тест летови на авионот X59, од кој се очекува да ја започне новата ера на суперсоничните патнички летови. Станува збор за експериментален авион кој е замислан како „тивок“ наследник на легендарниот Concorde, француско – британскиот патнички авион кому за прекуокенаските летови над Атлантикот му беа потребни само три часа. Concorde, чиј последен лет беше уште во 2003 година, превезуваше стотина патници со брзина нешто поголема од два Macha (два пати побрзо од брзината на звукот), што беше доволно за да се „одработи“ патот од Лондон до Њујорк или од Париз до Њујорк, за околу три часа.
Но, освен големите трошоци, Concorde имаше уште еден проблем – бучавата. Поради громовитото пробивање на звучниот ѕид, му беше забрането слетувањето на поголем број аеродроми (во близина на населени места), па на крајот беше ограничен на само две редовни линии, не сметајќи ги чартер летовите. Затоа, целта на НАСА е новиот надзвучен патнички авион да биде значително потивок и со тоа прифатлив за аеродромите односно луѓето кои живеат во нивна близина. НАСА тврди дека пробивањето на звучниот ѕид на X59 нема да биде многу бучно. Тоа би го постигнале помеѓу останатото и со посебниот дизајн на авионот кој има многу долг и тенок труп, „зашилен“ нос и други елементи кои ќе бидат поставени на горниот а не на долниот дел од трупот. Проектантите велат дека всушност тој многу потсетува на авионите од хартија.