Насловна / Екологија / Супермаркет кој користи отпадоци од храна како извор на енергија

Супермаркет кој користи отпадоци од храна како извор на енергија

Sainsburys
Британскиот ланец на супермаркети Sainsbury’s одлучи да докаже дека храната што завршува во отпад сепак може корисно да се употреби, па неодамна го отвори првиот супермаркет во светот кој користи отпадоци од храна како извор на енергија. Се работи за концепт на користење на биомаса преку анаеробна дигестија, при што објектот во целост ги задоволува своите енергетски потреби на овој начин.

Сепак, битно е да се напомене дека во „отпадната храна“ од овој ланец маркети први имаат увид најсиромашните членови на општеството преку хуманитарните установи, кои ја земаат храната што сè уште може да се искористи. Потоа, остатоците ги земаат сточарите, и дури на крајот „остатоците од остатоци“ завршуваат во дигесторот за производство на енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top