Норвешка, една од најразвиените земји на светот, е водечка по бројот на електрични автомобили на своите улици, кои веќе почнуваат и да го превземаат приматот од оние со фосилни горива. Норвежаните сега направија и чекор понатаму: го претставија првиот супербрз полнач за бродови на електричен погон. На западниот брег на Норвешка, во пристаништето Флоро, се случува вистинска електрична револуција. Со новиот полнач е можно да се полнат електрични автомобили и бродови, а за да се направи тоа, потребно е само да се инсталира посебно направената апликација за таа цел.
Супербрзиот полнач има моќност од 150kW, и може да ги наполни батериите на електричен брод за само половина час. развиен е од страна на две норвешки енергетски компании, а поддршка добиле и од локалната самоуправа.
Европа веќе со години е светски предводник на зелената транзиција. Во производството на електрична енергија се повеќе се користат обновливи извори на енергија, а многу држави, посебно оние најразвиените, како што е Норвешка, сакаат степенот на загадување сериозно да се намали и во поморскиот сообраќај.