Кога станува збор за проектирање на удобни станови, тогаш може да се предложат безброј иновативни решенија кои одлично би одговарале на таквите простори, но, кога станува збор за проектирање на екстремно мали простории тогаш иновативноста на дизајнерите доаѓа до вистински израз.
Овој стан се развива само на 25 м2 и е наменет за живеење на една особа.
Главен елемент во овој стан е лизгачката врата која го дели просторот на две целини, едната со сервисни содржини додека другата со простор за престој.
Со ваквата врата се штеди на простор а истовремено се врши основната функција.
Овој стан изобилува со интересни детали и бои кои му даваат голема доза на живост.