Насловна / Ентериери / Супер-луксузен дуплекс во Црна Гора е најскапиот стан во поранешна Југославија

Супер-луксузен дуплекс во Црна Гора е најскапиот стан во поранешна Југославија

najskap stan vo bivsa jugoslavija_2

Луксузен дуплекс со површина од 603 квадратни метри се наоѓа во срцето на елитната наутичко-туристичка населба Porto Montenegro за која пишувавме неодамна на сајтот „Порта3“. За купувањето на овој стан е заинтересиран еден арапски шеик.najskap stan vo bivsa jugoslavija_1
Ултралуксузниот дуплекс апартман е на последниот кат на новиот кондо-хотел Regent Porto Montenegro, во Тиват, и чини седум милиони евра.
Хотелот ќе се отвори во август, а подгорички „Вијести“ пишува дека еден арапски шеик е заинтересиран да го купи ултралуксузниот апартман и е во преговори со менаџментот на Porto Montenegro и тајванскиот Regent.

najskap stan vo bivsa jugoslavija_3
Меѓутоа, проблемот е во тоа што овој потенцијален купувач е подготвен да плати до шест милиони евра, пишува весникот.
Имотот на поранешното воено бродоградилиште Арсенал, на кој се наоѓа марината и населбата Porto Montenegro, црногорската влада го продала на канадскиот бизнисмен Питер Манк за договорена купопродажна цена од 3.26 милиони евра.najskap stan vo bivsa jugoslavija_4

Испрати коментар

Scroll To Top