Претседателот на Светскиот општествен форум Владимир Јакуњин предложи изградба на „супер автопат‟ од западна Европа, преку Русија и Канада, до Њујорк. Патот, кој би чинел 3.000 милијарди долари, првпат е предложен како идеја на Путин во март 2015 година, а би бил дел од „Транс-евроазиската развојна зона‟ (TEПР), која во делот низ Русија би се простирала долж сегашната Транс-сибирска железничка пруга, гасоводот и нафтоводот. – Тоа би бил меѓудржавен и меѓуцивилизациски проект, рече Јакуњин, додавајќи дека со изведбата на тој проект би настанала „светска зона на иднината темелена на врвна технологија“