Насловна / Порта3 / Сукуленти

Сукуленти

Во ботаниката, сукулентните растенија претставуваат повеќегодишни растенија кои се карактеризиираат со месести, сочни делови, поради што имаат мала потреба од наводнување. Зборот „succulent“доаѓа од латинскиот збор sucus што означува нешто сочно. Во продолжение претставуваме три вида на сукуленти кои одлично би се вклопиле во секој дом.crassula

Дрвото на парите (Crassula ovata)

Дрвото на парите е сукулент со дебело сочно стебло и декоративни ситни месести ливчиња. Расте бавно и има може да опстане и по 20-тина години. Поради тежината на стеблото додека не се задебели потребно е да се користат потпори за да не се оштети. Околу одржувањето нема големи барања, се полева многу малку, еднаш на две недели. Препочита дневна температура и нормална светлина.sansev

Сансевиера (Sansevieria trifasciata)

Многу декоративен сукулент кој расте во форма на  издолжени зашилено копје. Во зависност од вариетот го има во повеќе варијанти на зелена боја во комбинација со бели и жолтеникави пруги. Има мали бели цветови, но цвета многу ретко.

Сансевиерата има потреба од посув воздух, а во однос на температурата идеална е собната температура.aloe

Алое (Aloe sp.)

Алоето е сочно растение со заострени листови. Многу често се користи во медицината. Некои видови на Алое во висина може да достигнат и до еден метар височина. Помалите видови алое одлично виреат на сончеви месторастења. Во врска со одржувањето има потреба од собна температура од околу 220C и многу сонце. Во однос на полевањето како и другите сукуленти претпочита сува почва, заради што треба да се избегнува честото полевање.

Испрати коментар

Scroll To Top