Насловна / Вести / Судски постапки за неисполнување на Директивата за енергетска ефикасност

Судски постапки за неисполнување на Директивата за енергетска ефикасност

ecodesign_pigs_0

Европската комисија објави дека ќе покрене судски постапки против: Хрватска, Ирска, Летонија, Романија и Австрија доколку во целост не ја спроведат Директивата за енергетска ефикасност.

Како што е пропишано, сите држави членки на Европската Унија мораа до 5 јуни 2014-та, оваа Директива да ја транспонираат во своите национални законодавства, но овие земји сè уште не го сториле тоа. На минатонеделното заседание на Европската комисија, одлучено е дека ако во рок од два месеци не биде исполнета оваа обврска, Европската комисија ќе покрене судска постапка против нив и ќе побара парична казна. Директивата за енергетска ефикасност пропишува дека до 2010 година мора да се постигнат определени заштеди на енергија, и да се подобри енергетската ефикасност по одделни сектори. Инаку, Европската комисија минатата година покрена постапка против 27 држави членки на Европската Унија поради неисполнување на обврските од Директивата за енергетска ефикасност.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top