Регулаторниот институт за обновливи извори на енергија и животна средина (РЕРИ), му предал тужба на Вишиот суд во Белград против ЕПС (Електропривреда Србије), поради загрозување на здравјето на граѓаните на Србија, но и оние од околните земји, бидејќи емисиите на штетни гасови во воздухот не ги почитуваат граничните вредности. Станува збор за надминување на допуштените вредности на емисиите на сулфур диоксид од две електрани – ТЕ „Никола Тесла“ и ТЕ „Костолац“.
Судот е последната инстанца до која се обраќа РИРИ, откако претходно се обратил до инспекцијата на Министерството за заштита на животната средина, кое од своја страна дало различни уверувања дека ЕПС не ги крши прописите. Тужбата е поткрепена со стручни мислења, базирани на наодите на меѓународните организации.