Насловна / Вести / Судот од џебот на Маск извади 56 милијарди долари, се ниша статусот на најбогат на светот

Судот од џебот на Маск извади 56 милијарди долари, се ниша статусот на најбогат на светот

Судот во Делавер ја укина одлуката на извршниот одбор на „Тесла“ да му плати на Илон Маск рекордна отштета од 55,8 милијарди долари. Судијката наведе дека се работи за „незамислива сума пари“ и дека не е фер кон акционерите. Доколку не се укине пресудата на судот, ќе се разниша статусот на Маск како најбогат човек на светот.

Одлуката на судот ја намали вредноста на акциите на компанијата за три отсто, а некои инвеститори се надеваат дека ќе ја искористат за да ја принудат „Тесла“ да ја реформира структурата на управување.

м0

Процесот против Маск го иницираше акционерот Ричард Торнета уште во 2018 година, кога требаше да биде исплатена сумата.

Извршниот одбор на „Тесла“ беше критикуван за неуспехот да го надгледува воинствениот и наметлив директор, кој се бореше со регулаторите додека истовремено раководеше со неколку други компании, пишува Ројтерс.

Пресудата, на која сигурно ќе биде поднесена жалба, ја поништува најголемата исплата во корпоративната историја. Судијката Каталин Макормик откри дека компензацијата базирана на акции била договорена од директори кои биле во обврска кон Маск.

„Заведени од реториката или можеби од статусот на суперстар на Маск, одборот никогаш не го постави прашањето за 55,8 милијарди долари: Дали планот е неопходен за ‘Тесла’ да го задржи Маск и да ги исполни своите цели“, напиша Макормик во пресудата.

м3

Маск бесен, статусот на најбогатиот на светот на стаклени нозе

Ако не биде оборена, пресудата ќе земе прилично голем залак од богатството на Маск и ќе ги доведе во прашање амбициозните планови, како и судбината на неговите многубројни компании.

Милијардерот не го прифати лесно својот прв голем пораз на суд.

„Никогаш не основајте компанија во Делавер. Препорачувам Невада или Тексас ако сакате акционерите да одлучуваат“, напиша на мрежата Икс.

м4

Управниот одбор на „Тесла“ сега ќе треба да излезе со нов предлог и компензација за Маск, кој не стигнал да се наплати затоа што е покренат судски процес.

Маск повеќе пати го притискал одборот на компанијата да му подготви уште еден голем награден пакет, неколку години откако продаде значителен дел од акциите на компанијата за да го купи Твитер, наведува Блумберг.

Тој моментално поседува околу 13 отсто од акциите на производителот на електрични автомобили, но неодамна повеќе пати повтори дека сака поголем удел.

„Не се чувствувам пријатно да ја развивам ‘Тесла’ во лидер во областа на вештачката интелигенција и роботиката ако не поседувам барем 25 отсто од гласовите“, истакна Маск.

Испрати коментар

Scroll To Top