Насловна / Екологија / Судирот во Украина – ризик за нуклеарната безбедност

Судирот во Украина – ризик за нуклеарната безбедност

Kernkraftwerk_Saporischschja
Хрватскиот Poslovni dnevnik го пренесува текстот на Benett Ramberg, воен аналитичар кој се занимавал со прашањата поврзани со нукларните постројки во воени услови. Тој предупредува дека во случај на воен судир во Украина, ќе бидат загрозени нуклеарните постројки, на кои за сигурна работа неопходна им е електрична енергија и дизел гориво. Украина денес има 15 постари нуклеарни постројки во кои се произведува 40% од вкупната енергија во земјата.

Прекинот на електрична енергија или недостатокот од дизел гориво како алтернатива, ќе претставува сериозна закана за безбедноста бидејќи пумпите за ладење би престанале со работа. Работењето на пумпите за ладење е неопходно и тогаш кога реакторот е вон погон, со цел одведување на топлината од јадрото на реакторот. Освен тоа, реална е и опасноста од саботажи од страна на персоналот, истакнува во својата анализа Ramberg.

Испрати коментар

Scroll To Top