Малите и средни претпријатија од земјите кои учествуваат во Програмата за единствен пазар на ЕУ, имаат можност да се пријават за добивање на советодавна и финансиска поддршка за подобрување на енергетската ефикасност. Меѓу тие земји се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Турција и Црна Гора. Проектот EENergy, кој подразбира и субвенции, се финансира од споменатата Програма (Single Market Program – SMP), а целта е да ги поддржи малите и средни претпријатија кои подготвуваат акциски планови за подобрување на своите перформанси во однос на енергетската ефикасност.
EENergy се спроведува од страна на Enterprise Europe Network (EEN), која од 2008 година ги поддржува европските мали и средни претпријатија во растот и постигнувањето на нивните деловни цели. EEN е најголемата европска мрежа за поддршка на овие претпријатија, присутна во 39 земји во Европа. Проектот планира да поддрѓи 1.800 компании, од кои 900 ќе добијат и директна финансиска помош. Финансиската поддршка е ограничена на 10.000 евра, а пријавувањето трае до 15-ти аптил. Упатството за пријавување е на следниот ЛИНК. На повикот можат да се јават сите мали и средни претпријатија од споменатите земји кои се формирани до крајот на 2022 година.