Насловна / Вести / Суботица доби постројка за третман на отпадни води

Суботица доби постројка за третман на отпадни води

Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ од Суботица ја заврши реконструкцијата на канализацискиот систем, ја заврши изградбата на постројка за третман на водата за пиење и ја пушти во употреба постројката за третман на отпадни води. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобрила речиси 20 милиони евра во кредити, а Европската унија и билатералните донатори во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) обезбедиле грантови и техничка подршка вредна седум милиони евра. така е заокружено финансирањето на оваа инвестиција вредна 27 милиони евра.

Нетретираните отпадни води претходно завршуваа во езерото Палиќ, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. ЕБОР укажува на проценката дека во Србија се третираат само 10% од отпадните води и дека само 46% од населението е поврзано на канализациски систем. Состојбата не е многу поразлична и во другите земји од Западен Балкан и потребни се сериозни инвестиции за решавање на овие проблеми. Имено, еден од критериумите за исполнување на обврските од Поглавјето 27 во преговорите за членство во ЕУ кон која сите земји во регионот се стремат, е дури 98% од урбаните отпадни води да бидат третирани преку соодветни постројки за третман на отпадните води.

subotica1

 

Испрати коментар

Scroll To Top