На 16.03 и 17.03 во Охрид беше одржана студиска посета на студентите од Факултетот за Архитектура и Дизајн Американ Колеџ Скопје, во организација oстварена од страна на факултетот и Архрид Колектив.
На 16.03 студентите беа пречекани во касарната „Михаило Апостолски”, која ќе ја работат како проектантска задача за следниот семестар. Членови на Архрид и Касарна Хаб ги запознаа студентите со локацијата и нејзините граници, содржини и природни дадености.
Од 16 до 18 часот се одржа презентација во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид. Презентацијата беше отворена од страна на проф. д-р Мишко Ралев, а потоа продолжи излагањето за градот и касарната од страна на членови на Архрид, маг.инж.арх. Емилија Стојаноска, маг.инж.арх. Христина Алексиоска и Стефан Жупан. По презентацијата следуваше панел дискусија на истите теми.
На 17.03 се посетија објекти со значајни архитектонски белези во Охрид кои ќе им служат на студентите како референтни примери. Тука станува збор за објектите: Дом на културата „Григор Прличев”, хотел Палас, студентскиот дом „Никола Карев”, Дом на пензионери и Архивот каде заврши студиската посета.