Австралиското студио за мебел Jardan на сите љубители на дизајнот на Раф Симонс им нуди дизајнерска фотелја инспирирана од работата на познатиот дизајнер.
И додека модната индустрија се уште е под импресија од заминувањето на Раф Симонс, од модната куќа „Диор“ кон крајот на минатата година, австралиското студио за мебел Jardan се одлучи својата модерна фотелја Sweeney да ја пресвлече во материјал од колекцијата на Симонс направена во соработка со данското студио „Квадрат“ уште во 2014 година.
Иако споменатата колекција на текстил речиси е невозможно да се набави, студиото Jardan успеало да дојде до неколу примероци и да ги искористи во својата мини колекција Sonar 2, која совршено се вклопува во која било просторија, благодарение на едноставниот и атрактивен дизајн, како и на неутрално сивата и темносина боја.