Насловна / Архитектура / Studios 90 во Индија со живописна употреба на боја

Studios 90 во Индија со живописна употреба на боја

Бирото на индискиот архитект и почесен член на WAC Sanjay Puri, Sanjay Puri Architects, проектирале станбена зграда која има шарени коцкасти тераси кои се неправилно испакнати од фасадата.

5_resize

Наречен Studios 90, проектот од 10.400 квадратни метри се наоѓа во Кодла, Карнатака во Индија. Кодла е позната по својата тропска саванска клима, во која температурите во градот надминуваат 35 степени Целзијусови, осум месеци во годината.

Бирото ја проектирало секоја од собите каскадно и ги ориентирале на север како одговор на топлата клима.

1_resize

Studios 90 е дел од поголем мастерплан, кој вклучува училиште, игралиште, клуб и храм. Композицијата на северната страна е поделена на четири блока.

Блоковите се расфрлани еден до друг во зависност од нивните програмски функции како што се студија, куќа за гости и хостел.

7_resize

„Барањето за зградите беше да се направат студио апартмани, хостел и гостинска куќа на периметарот на стамбениот проект за стамбена населба, за сместување на работници на новата фабрика за цемент“, велат од Sanjay Puri Architects

Врз основа на согледувањата, бирото креирало масивна композиција од обоени коцки кои формираат скулптурална станбена зграда. Благодарение на варијациите на боите, ориентацијата на терасите лесно се воочува од далеку.

2_resize

Објектот се состои од 18 студио апартмани, 54 хостел соби и 18 соби за гости кои се сместени во згради на четири и пет ката со поглед на големи уредени површини и големо игралиште на североисток.

Архитектите проектирале и заеднички соджини, вклучувајќи кафетерија, просторија за игри, салон и фитнес, на ниво на приземје. Собите што излегуваат во заштитени балкони свртени кон север поставени се на горните катови.

11_resize

Архитектите ја објаснуваат причината за изборот на три главни бои на фасадите велејќи дека „индиската култура е позната по својата живописна употреба на бојата во традиционалните занаети, свечености и облекување“.

„Индија е единствената земја која секоја година го слави Холи, фестивал на бојата “, додаваат.

6_resize

3_resize

Sanjay Puri Architects користеле три живописни основни бои – црвена, сина и жолта бидејќи ги истакнуваат конзолните балкони во секоја просторија, создавајќи идентитет и истовремено подобрувајќи го скулптуралниот изглед на зградите.

Како што нагласуваат од бирото, проектот е изграден на економичен начин и користи природна вентилација и природна сончева светлина, зградите се мошне енергетски ефикасни.

8_resize

Тимот користел ѕидови од тули со пепел, рециклирање на водата, собирање дождовница, северна ориентација, заштитени надворешни простори, со цел да се намали зголемувањето на топлината и да се направи проектот одржлив.

9_resize

Целокупната потребна електрична енергија се искористува од преостанатата енергија произведена во блиската цементарница.

„Studios 90 е едноставна, енергетски ефикасна станбена зграда која одговара на својата локација, климата на локацијата и алудира на културата и социјалните аспекти на корисниците“, додаваат архитектите.

10_resize

4_resize

12_resize

Испрати коментар

Scroll To Top