Работата на белгискиот сликар Koen van den Broek се базира на изработка на полароидни слики преку кои се документирани неговите патувања низ Америка. Како резултат на тоа, проектот за неговото студио, дизајниран од архитектите Tijl Vanmeirhaeghe и Carl Bourgeois е конципиран како архитектонска прошетка низ различни „универзуми“.
Високото и издолжено ателје, пристапно и со автомобил, го дефинира централниот дел на студиото од кое преку 6 предимензионирани, доминантни дрвени врати е обезбеден пристап до дистинктивни ателјеа за работа.
Прошетката продолжува низ палмова градина, како место за бегство од работата и простор за релаксација.
Потоа следи главното ателје на уметникот, конципирано како бела коцка со зенитално осветлување, кое симулира музејска атмосфера во просторот.
Следната секвенца ја дефинира бела, комфорна канцеларија ориентирана кон пацио во обвивка од огледала, која ги рефлектира 25те засадени јаворови дрвја интерпретирајќи шумско пространство.
Пациото ја води трасата кон оставата и „црната“ библиотека, завиена во ѕидни панели од брезова кора кои симболизираат како заштитна обвивка на уметничките дела.
Архитектонското патување завршува со резиденцијата на артистот, каде пристапот е исто така овозможен и од уличниот фронт.