Насловна / Архитектура / Studio Fuksas победник на конкурсот за плоштадот “Света Недела“ во Софија

Studio Fuksas победник на конкурсот за плоштадот “Света Недела“ во Софија

На конкурсот за избор на проектант за плоштадот „Света Недела“ во Софија, победи Studio Fuksas . Во финалната фаза на процесот на реномирани меѓународни тимови, вклучувајќи ги  One Works, Maofficina, Cracknell, Studio Wilmotte, Paola Vigano, and AI Architects LLD, CLAB Architettura, Yuri Sheredega, Dina Dridze, Evgeniy Shirinyan. Од Studio Fuksas веруваат дека овој проект е клучна интервенција за севкупниот развој на градот. Лоциран во близина на православната црква „Света Недела“ плоштадот овозможува современа интерпретација во две нивоа – археолошко и урбано. Всушност, „новиот плоштад не само што ќе претставува музеј на отворено, туку ќе биде и место за социјална интеракција. Концептуалниот дизајн е инспириран од историската дефиниција на локацијата, но опфаќа повеќе техники за обезбедување пријатно опкружување – дрвја за регулација на температурата, сенки и контрола на струењето на воздухот, како и ненаметлива споеност на јавниот простор со објектите во близина, “ велат од Studio Fuksas.

svnedela1

svnedela2

svnedela3

svnedela4

svneela5

Испрати коментар

Scroll To Top