Насловна / Вести / Студија на „Обединет Балкан за чист воздух“ – предвремени смртни случаи поради аерозагадувањето

Студија на „Обединет Балкан за чист воздух“ – предвремени смртни случаи поради аерозагадувањето

„Обединет Балкан за чист воздух“ оваа година направи студија како аерозагадувањето влијае врз морталитетот. Во целост ги претставуваме нивните податоци и барања.

„Обединет Балкан за чист воздух“ – морталитет

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи. Ова го изјави Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

Целта на оваа етапа од кампањата е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот и продолжување на нашите животи.

smoke skull fb and Insta post

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се следни:

· Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање.

· Зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти

1

Испрати коментар

Scroll To Top