Големите вложувања во индустриската роботика во последините неколку години, ја доведоа Кина во врвот на листата земји со највеќе роботи во однос на бројот на работници вработени во производството, а по прв пат земјата е пред САД. Ова го покажуваат резултатите од Студијата која ја подготвила Меѓународната федерација за роботика.
Бројот на оперативни индустриски роботи во однос на бројот на работници во Кина достигнал 322 единици на 10.000 вработени, со што оваа земја се искачи на петтата позиција на листата. Со својата глобално позната електронска и автомобилска индустрија, уверливо на прво место е Јужна Кореја, која е првата земја што достигнала 1.000 роботи на 10.000 работници. Сингапур зазема второ место со стапка од 670 роботи, а значајно заостанување бележи Јапонија со 399 роботи на третото место, пред Германија со 397. Германија има највисока стапка на роботизација во Европа. Меѓу првите десет земји е и Словенија која има 249 роботи и се наоѓа само едно место зад САД.