Насловна / Вести / Студија: Црно – белите ветерни турбини би спасиле илјадници морски птици

Студија: Црно – белите ветерни турбини би спасиле илјадници морски птици

Еволуциски, морските птици не морале да развиваат способност за избегнување на објекти на море. Но, изградбата на ветерните паркови на вода доведе до голем број удари во столбовите и лопатките, што се загрозува бројноста и опстанокот на одредени видови. Авторите на новото истражување предлагаат ветерни турбини во црно – бели пруги, тврдејќи дека тоа на птиците ќе им овозможи доволно рано да ги уочат турбините и да ги избегнат. Професорите специјалисти за орнитологија од државното советодавно тело Natural England во Велика Британија, ја објавиле оваа студија во часописот Global Ecology and Conservation.

stripy3

stripy2

Основната причина за големиот број судири на птиците во овој вид инфраструктура на море е тоа што видот на птиците е првенствено насочен кон површината на водата. Но, иако птиците не гледаат многу пред себе, тие се потпираат на познавањето на просторот. Сепак, од појавата на ветерните турбини, недостатокот на информации поради начинот како ја набљудуваат околината доведуваат до бројни судири при што птиците угинуваат. Споменатиот предлог за ветерни турбини веќе е испробан на ветерната електрана на копно во Норвешка. Поставени се четири ветерни турнбини, при што со воведување на црно-бел контраст судирите на птиците се намалиле за 70%. Но, постојат разлики помеѓу копнените и морските птици. Морските птици се актвни ноќе во услови на полоша видливост и имаат значително помала просторно визуелна резолуција. Затоа, боењето на една лопатка во црно нема да ја подобри видливоста, туку неопходен е црно-бел контраст. Црната и белата се ахроматски бои и се комбинација која обезбедува најдобар контраст.

stripy1

Испрати коментар

Scroll To Top