Со оглед на зголемениот фокус на вселената, не треба да изненадува што во наредните години работата на вселенските архитект ќе биде сè повеќе барана.
На Универзитетот во Хјустон, Sasakawa International Centar for Space Arhitecture (SICSA), уште од крајот на осумдесетите години се нудат студии за вселенска архитектура и тоа се единствените студии од ваков вид во светот. SICSA е „академски лидер во полето на вселенската архитектура“, но едукацијата и истражувањата не се фокусирани само на вселената, туку и на развој и дизајн на земните постројки и објекти во екстремни услови на нашата планета, како што се сместување за луѓе во случај на катастрофи, поларни истражувачки станици итн., пишува Zimo.co.
За кого се наменета студиите?
Оваие стручни студии за вселенска архитектура се наменета за сите оние кои завршиле студии по архитектура и имаат соодветни технички квалификации. Универзитетот се наоѓа во Хјустон и соработува со вселенскиот центар и аеродромот во тој град. И секако со NASA, Боинг и други компании.
SICSA нуди два курикулума за вселенска архитектура – редовните студенти посетуваат три семестри, додека вонредните студенти кои се веќе вработени, посетуваат пет семестри. Наставната програма вклучува предмети како планирање и анализа на мисии и проектирање на вселенски бродови и вселенски станици, а освен проектирање, студентите учат и за логистика, орбитална механика, транспортни трошоци итн., пишува Zimo.co.
За многу љубители на вселената и потенцијалните истражувачи на вселената, ова се студии од соништата, а повеќе информации за SICSA и вселенската архитектура може да се најдат на официјалната веб-страница.