Насловна / Вести / Студентски стан од 18 квадратни метри

Студентски стан од 18 квадратни метри

Архитектонското биро Standard Studio го направило проектот за ентериерот на овој простор во Ротердам. Предизвикот бил да се направи комплетен дом за еден студент и се да се спакува во само 18 квадратни метри. Барањето било оваа соба да има купатило, кујна, маса за ручање, работна маса, кауч, проширен кревет и простор за одлагање.

8

До конечно решение е додједно со внимателна анализа на основата, водејќи сметка да се искористи секој квадратен сантиметар, но и елементите да добијат повеќенаменска улога.

3

Со оглед дека бањата се наоѓа од едната, а кујната од другата страна на ѕидот, направен е комбиниран елемент кој воедно има улога и на мијалник и на садопер. На овој начин заштеден е простор без да се поремети функцијата.

4

Како примарен материјал користен е бамбус, кој е јак, издржлив, а воедно лесен и дава топлина на просторот.

Каучот и работната маса сместени се под прозорот, делат зглобна светилка која по потреба може да се поместува кон каучот или работната маса.

6

Желбата на клиентот бика да има брачен кревет, па така е искористена поголемата висина на просторот. Креветот е поставен на челична конструкција и виси на три метри над подот.

Скалите кои водат до креветот, организирани се како простор за складирање.

8

1 2

5

Испрати коментар

Scroll To Top