Мастерпланот кој го изработила архитектонската компанија Snøhetta предвидува округ налик на остров за 12.000 студенти. Локацијата на оваа населба е на Дунав, во јужниот дел на Будимпешта. Со својот проект Snøhetta победила на натпреварот Budapest South Gate International Masterplan Design Competition. На подрачје од 135 хектари ќе бидат распоредени сместувачки капацитети за студентите, како и едукативни и спортски објекти, паркови и подрачја за рекреација и социјален живот. Спортската арена во рамките на South gate ќе има капацитет од 15.000 места, а целта населба ќе биде поврзана со планираната железничка станица Danubias.
Snøhetta, која има канцеларии во Осло и Њујорк, со ова решение победила на меѓународниот конкурс во конкуренција на 17 компании, меѓу кои и познатите светски имиња како UNStudio, Feilden Clegg Bradley Studios, Adept и Squire and Partners. Жирито ја пофали Snøhettu за паметното користење на водата и богатата зелена површина во својот проект.
Местото на кое се планира проектот во моментот е браунфилд локација. Овој речен полуостров на југот од унгарскиот главен град, се развива во рамките на стратешкиот план – Budapest 2030. Во рамките на овој план се поставени цели за поодржлив и енергетски поефикасен град.