Компанијата „Schneider Electric“ по шести пат распиша студентски конкурс за паметни енергетски решенија „Go Green in the city“. Во рамките на овој натпревар, тимови од по двајца студенти ќе ги претстават своите иновативни решенија од областа на одржливиот енергетски развој. На конкурсот може да се пријават студенти од додипломски или постдипломски студии, а 12 најдобри тимови во септември 2016-та во Париз ќе ги презентираат своите идеи пред стручно жири.
Најдобрите ќе добијат наградно патување низ голем број популарни светски дестинации, како и можност за вработување во компанијата„Schneider Electric“. Рокот за поднесување на пријавите е 15 април 2016 година. Повеќе информации на следниот линк:http://www.gogreeninthecity.com/