Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе се презентираат на третата студентска конференција „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ – СКЕЕОР 2015“, која започна вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Професорката Маргарита Гиновска од ФЕИТ, координатор на конференцијата, објасни дека сè повеќе се зголемува бројот на пријавени трудови на оваа конференција, но и нивниот квалитет.
Според деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, кој ја отвори конференцијата, Факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област.
„ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњнаци во областа, чиј напредок е енормно голем. Тоа се огледа во сè поголемиот интерес кај студентите за енергетиката, поголемиот број запишани студенти на Факултетот и од интересот за организирање ваков тип конференции, кои се можност за учење и размена на искуства меѓу студентите, но и со сите останати релевантни чинители“, рече Станковски.