Денес во 10 часот пред Општина Центар почна јавната презентација на 16 проекти на студенти од Архитектонскиот факултет – Скопје за урбанистичко преобликување на Дебар Маало, кои своите идеи и предлози ги работеле под менторство на професорката д-р Дивна Пенчиќ. Можат да се видат урбанистичките решенија и визиите на студентите за подобрувањето на условите за живот во Дебар Маало.
Ова е еден од начините да се покаже дека не е се и секој урбанистички предлог заснован само на профит и корупција. Да се покаже дека пред се урбанизмот значи визија за подобар град и живот на неговите жители. Опфатени се повеќе државни локации и јавни површини во населбата, меѓу кои се паркот пред Архитектонскиот факултет, просторот до Министерство за култура, просторот пред бараките на општината, кругот во Дебар Маало и други.
Јавната презентација се одржува во рамките на кампањата за подобра животна средина #НеИгнорирај #Реагирај, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
фото: КИРО ПОПОВ