Во просториите на Архитектонски факултет Скопје во рамки на Архитектонското Студио 1, под водство на професорите Митко Хаџи-Пуља и Александар Радевски, студентите изработија модели на објекти кои сами ги испроектирале и потоа ги излеваа со помош на саморазливен цементен малтер.
И оваа година како и предходните две години, студентите се запознаа со можностите на производот ЕКСМАЛ-1 на компанијата АДИНГ. Со овој материјал тие направија одлични проби и модели. Секој студент ги излива сопствените објекти. Моделите на објектите студентите ги изливаат во калапи од картон кои самите ги изработуваат.