Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денес (09.04.2015) со почеток во 18 часот студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат предавање и прошетка низ ГТЦ.
Предавањето започнува на платото на ГТЦ од страната на „Жена парк“.
Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти врзани за ГТЦ, можат слободно да дојдат и да го проследат предавањето.
Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот трговски центар, додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.